Влатко Стојановски си има хрватски коњак, пак му даде гол на омилениот ривал

Влатко Стојановски по долг период беше стартер за хрватскиот прволигаш Горица и максимално ја искористи шансата со победнички гол во 40. минута да му донесе три бода на својот тим против Шибеник.

И интересно е што македонскиот репрезентативец има постигнато само два гола за Горица, а и двата му се против Шибеник.

Тој и соиграчите имаат многу причини за радост, а со триумфот ја продолжија серијата без пораз, која сега важи за последните четири натппревари во ХНЛ.

Убавата низа ја донесе Горица на петтото место на табелата со 39 бода, зад големата хрватска четворка, Динамо и Осиек со по 57 бода и Хајдук и Риека со по 52 бода.

- Оглас -

Најнови вести