Лесно си продре на терен за селфи со Бразилецот – Каземиро плени со борбеност и квалитет, брзо стана главна фаца во Манчестер јунајтед (Видео)

Карлос Енрике Каземиро брзо стана еден од омилените играчи на Манчестер јунајтед за навивачите на најтрофејниот англиски клуб, а вечерва еден од симпатизерите на „Црвените ѓаволи“ лесно продре на терен од трибините и си направи селфи со Бразилецот.

Дури никој од обезбедувањето на „Селхрст парк“ во Лондон, стадион што е дом на Кристал Палас не реагираше и момчето си направи фотографија за спомен со Каземиро.

https://twitter.com/MufcWonItAll/status/1615821110230089729?s=20&t=Fg4ONrD64YvnDeRZ45AD9Q

Манчестер јунајтед со голот на Бруно Фернандеш води со 1:0 како гостин по 70. минути игра во заостанатиот меч од 7. коло во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести