Влезе во елитно друштво: Бензема дојде до „двестотката“ во Ла Лига

Карим Бензема дојде до двестотиот погодок во Ла Лига и со тоа стана десеттиот играч кому тоа му има појдено од рака. Французинот со два погодоци беше еден од најдобрите поединци во победата на Реал Мадрид против Мајорка од 6:1.

Французинот најпрвин го отвори мечот со гол во третата, а подоцна стрелаше и во 78-мата минута. Во меѓувреме, Марко Асенсио постигна три погодоци, од кои два беа по асистенција токму на Бензема. Конечниот резултат го постави Иско, а единствената радост за гостите ја донесе јужнокорејецот Ли Канг Ин (25′), но тоа беше сè што направија.

Со оваа победа, Реал Мадрид се врати на лидерското место во Шпанија и сега има 16 бода, а во наредното коло кое се игра за три дена, ќе го пречека Виљареал на домашен терен.

 

- Оглас -

Најнови вести