Влезе во „лошо“ друштво: Ноле е само петтиот тенисер кој е исфрлен од грен-слем

Новак Ѓоковиќ е исфрлен од Отвореното првенство на САД. Србинот, кој беше и прв носител на турнирот, нема да има можност да стигне до титулата откако направи глупост на дуелот против Пабло Карено-Буста. Во првиот сет се водеше голема борба, а по еден поен, Ѓоковиќ неконтролирано удри едно топче, кое заврши директно во вратот на една од девојките кои стоеја како линиски судии.

Девојката падна и се жалеше дека нема воздух, па мораше да реагира и лекар. Организаторот процени дека потегот на Ѓоковиќ е недоличен и според правилата на гренслемот, Србинот беше исклучен. Организаторите во официјално соопштение ја образложија својата одлука.

Интересно е што Ноле е првиот тенисер во последниве 20 години кој е дисквалификуван од еден гренслем. Откако е започната ерата на гренслем-турнирите, Ноле е само петтиот тенисер кој е исфрлен од ваков голем турнир. Никој од претходните четворица исфрлени тенисери не бил Топ 1 на турнирот од кој морале да си заминат предвреме со дисквалификација.

Ова е листа на тенисери на која вечерва се приклучи Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести