Влијанието на менаџерот Мендеш врз Вулфс: Имаат двојно повеќе Португалци од Англичани

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон вчера потпиша договор со 18-годишниот Фабио Силва, за кого на Порто му плати 40 милиони евра, што е клупски рекорд, и со тоа клубот ја продолжи својата „португализација“. Сега во тимот има португалски тренер и 10-мина фудбалери негови сонародници.

Британци се само петмина. На младиот Силва нема да му биде тешко да се прилагоди бидејќи мнозинството зборува португалски.

Вулфс е еден од 12-те клуба основачи на фудбалската лига во 1888 година, пред осум години беше во трета лига, а минатата сезона го освои седмото место во лигата и стигнаа до четвртфинале во Лигата на Европа. Пред четири години, сопственик на клубот стана кинескиот милијардер Гуо Гуанчанг, кој почна соработка со агенцијата на менаџерот Жорж Мендеш.

Од 2016 наваму, клубот потроши стотици милиони евра само на португалски играчи.

Влијанието на Португалецот е очигледно. Во 2016 година, клубот ги купи Хелдер Кошта, Жоао Тешеира и Иван Кабалеиро. Следната година беа ангажирани Рубен Невеш и Родерик Миранда, заедно со тренерот Нуно Еспирито Санто. Во 2018 дојдоа Руи Патрисио, Жоао Мутињо, Диого Жота и Рубен Винагре. Лани членови на Вулверхемптон станаа Даниел Поденсе, Педро Нето и Бруно Жордао.

- Оглас -

Најнови вести