Внимавајте, Грците снимаат сè – На соседите им пречи името Македонија (Фото)

Грците снимаат сè, а веднаш реагираа на социјалните мрежи на кратенката МКД за време на преносот на мечот меѓу Летонија и Македонија, вечерва на регионалниот бродкастер „Спорт клуб“.

Македонија победи со 2:0 со головите на Горан Пандев и на Енис Барди, но Грците и не се заинтересирани за фудбал, туку за шпионирање на сите мечеви на нашите репрезентации и начинот на којшто се користат официјалните кратенки, или меѓународни кодови и кој како го изговара името на државата.

Слични реакции имаше и порано за фудбалски, кошаркарски и ракометни натпревари, па состојбата не се смени ниту вечерва.

https://twitter.com/ColumbianCravat/status/1171152636172808193?s=20

- Оглас -

Најнови вести