Внимавајте со специјалниот сингл – Кејн е фаворит за прв стрелец во дербито, но Тотенхем е во црна серија од шест меча без гол против Сините

Второто коло од Премиер лигата го донесе првото овосезонско дерби со екипите за кои се претпоставува битка за топ 4 местата. Челзи на „Стемфорд бриџ“ го пречекува лутиот сосед Тотенхем (17:30 часот), во меч во кој ќе се докажува квалитетот на двете страни и дали воопшто се силни да им парираат на Манчестер сити и Ливерпул.

Sport Life за градската пресметка издвои специјален сингл-понуда во која има безброј начини како да се обложите на ова дерби. Покрај веќе стандардните типови за кец, двојка, 3+ и останатите познати, може да се обложувате на кој ќе изведе прв корнер, односно колкупати ќе се изведе топката од работ на теренот. Жолти картони, црвени,  дали ќе има или ќе нема пенал, се типови кои се само дел од пребогатата понуда.

Посебно треба да се внимава околу типувањето за прв стрелец, односно стрелец во тек на натпреварот. Хари Кејн е фаворит за прв да ја затресе мрежата, но неговиот Тотенхем е во црна серија од шест последователни натпревари без постигнат гол против Сините, статистика која треба да се земе во предвид.

Интересно е што кај Челзи, фаворит за прв гол е младиот албански напаѓач Армандо Броја кој многу веројатно ќе биде резерва, а сепак носи квота 7 за прв да се радува на погодок, односно 2.85 за да биде стрелец во текот на средбата.

Понудата е составена за сечиј вкус и големи се шансите да се создаде добитна комбинација, но таа задача останува на обложувачите.

- Оглас -

Најнови вести