Внимавајте со Спортската прогноза, седмото коло може да се одигра до утре до 13.30 часот

Седмото коло на Спортска прогноза, или прво по паузата поради настапите на репрезентациите во Лигата на нациите ќе заврши порано за прогнозирање, а до утре до 13.30 часот можете да ја одиграте оваа рунда.

До почетокот на големото дерби на Северен Лондон меѓу Арсенал и Тотенхем можете да ги одиграте своите варијанти на популарната Трианесетка во обид да се стигне до вредните подароци што ги подготвија Sport Life и Спорт Манија во целосно бесплатната игра.

За погодени 13 натпревари, ви следува премијата во секое коло, а можете само да си изберете подарок од трите понудени варијанти:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен тротинет

X Box Series X

Покрај натпреварот меѓу Арсенал и Тотенхем, има уште дузина исклучително интересни мечеви сите од Топ-5 лигите во Европа, а меѓу нив се издвојува и италијанското дерби меѓу Интер и Рома во сабота од 18 часот.

И резервните парови се важни, особено што носат поени за Генерален пласман, а во ова коло треба да се погодат исходите на германскиот дуел меѓу Ајнтрахт и Унион Берлин и големото дерби на Манчестер меѓу Сити и Јунајтед.

Стандардно, веќе петта сезона по ред Sport Life и Спорт Манија ги наградуваат и утките и со еден промашен пар се добива ваучер од 1.000 денари, а со две утки ви следува ваучер од 500 денари.

Приклучете се со свои прогнози во седмото коло на забавната игра со многу награди и не заборавајте дека прогнозите за ова коло важат ако се одиграни до утре до 13.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести