Внукот на Мухамед Али има челичен удар, за 100 секунди го „реши“ противникот (Видео)

Бјаџо Али Волш е внук на боксерската легенда Мухамед Али, кој покажува дека може да има успешна фајтерска кариера. Во организација на ПФЛ, на настанот во Лас Вегас, на Али Волш му беа потребни само 100 секунди да го нокаутира својот противник.

Внукот на славниот Али го победи Исаи Фигуеро, со технички нокаут стигна до третата победа во ММА кариерата. Бјаџо е едно од двете деца на Рашид Али, една од ќерките на Мухамед, родена 1970 година. И помладиот брат на Бјаџо, Нико Волш е во фајтерските води и тој е боксер, кој нема пораз во осум борби.

 

- Оглас -

Најнови вести