Во Австралија покажаа како треба да се користи ВАР-системот (Видео)

Додека во изминативе неколку дена во англиската Премиер лига имаше неколку дилеми околу одлуките по ВАР-системот, во Австралија покажаа како треба транспарентно да се делува по користење на технологијата во фудбалот.

Додека во останатите првенства следиме како судијата добива инструкции од неговите колеги во ВАР-собата, во Австралија јавно се слуша разговорот на арбитрите. Тоа најдобро се покажа на дуелот меѓу Сиднеј и Мелбурн сити.

Главниот судија покажа жолт картон, но потоа мораше да се консултира со ВАР-системот. Гледачите имаа можност да го слушнат целиот разговор меѓу судиите. Откако беше прегледана повторената снимка, фудбалерот доби црвен картон.

„Имаме два старта. Да го видиме првиот старт. Апсолутно сте во право. Значи Рајан Грент наместо жолт, ќе добие црвен картон“, рече главниот судија во разговорот со својот колега од ВАР-собата.

- Оглас -

Најнови вести