Во Азија плаќаат двојно повеќе – Познато е колку добиваат судиите во натпреварувањата на УЕФА

Судиите во натпреварвања под капата на УЕФА се наоѓаат навистина под голем притисок и секоја нивна одлука на теренот е проследена со лавина коментари и реакции, а се чека само еден момент на лоша одлука за да се нападнат арбитрите.

Во завршницата на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, судиите добиваат по 5.000 евра, плус дополнителни бонуси. Но, интересно е тоа што во Азија главните делители на правдата добиваат двојно повеќе.

„Азија е специфична, особено во арапскиот свет, каде што не штедат пари за добри судии на важните натпревари. Европските судии коишто ќе бидат делегирани на средбите од азиската Лига на шампиони земаат и повеќе од 10 илјади евра по меч“, изјави Мариус Аврам, поранешен романски судија којшто делеше правда на голем број средби под капата на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести