Во Баерн им гори под нозе, а Боатенг си организира забава

Во пресрет на новото дерби „Дер Класикер“ меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, Џером Боатенг предизвика нервоза во таборот на Баварците. Германскиот дефанзивец организирал забава за цел тим по самиот меч, па сега неговите соиграчи мора да ги оправдаат очекувањата и да победат против ривалот со којшто се борат за шампионската титула во Германија.

„Милионерите“ по изминатиов викенд, одново се лидери во Бундеслигата откако Баерн ремизираше кај Фрајбург на гости со 1-1, па сега заостануваат два бода зад Дортмунд. Дербито во сабота (18:30 часот) може да ја одлучи титулата во Германија, победа на Баерн ќе значи преземање на лидерската позиција, додека евентуален пораз ќе го оддалечи пет бода од првото место на шест меча до крајот на шампионатот.

Овој потег на Боатенг не го оправдува спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, кој вели дека во овие моменти не е време за славење бидејќи им преостанува многу работа за на крајот да бидат шампиони.

„Преферирам фудбалерите да бидат фокусирани на ова што е важно, а тоа е следниот предизвик против Борусија Дортмунд. Како поранешен играч не би се нафатил да организирам забава за натпревар кој сè уште не е одигран, бидејќи не знам каков би бил исходот на тој меч: Џером да ме прашаше пред да го направи ова, ќе го советував воошто да не организира забава“, истакна Салихамиџиќ.

- Оглас -

Најнови вести