Во Барселона одлучија: Сетјен останува на клупата

Управата на Барселона вчера одржа итен состанок на кој присуствуваше и тренерот Кике Сетјен, а главна тема беше токму неговата работа. По повеќечасовниот состанок одлучено е да го задржат Сетјен на клупата до крајот на сезоната.

Тоа значи дека Сетјен ќе ги води Каталонците во дуелите против Алавес во последното коло, но и против Наполи на Елиф Елмас во реваншот од Лигата на шампионите кој ќе се одигра на „Камп ноу“. Елиминација од Наполитанците автоматски ќе значи отказ за Сетјен, а управата нема намера предвреме да ја прекине соработката.

Промена на клупата ќе има само доколку Сетјен сам одлучи да си замине пред Барса да ги почне обврските во ЛШ. Инаку, стратегот се почувствувал повредено по поразот од Осасуна, поради резултатот, но и поради критиките од капитенот Меси кои беа упатени директно кон Сетјен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести