Во Барселона веруваат дека шансата да го загрозат Реал Мадрид е „денеска или никогаш“

Реал Мадрид од 14 часот гостува во Билбао кај Атлетик, и тоа може да биде еден од клучните натпревари околу трката за шампионската титула во шпанската лига. Мечот со големо внимание ќе се следи и во Барселона, каде со цело срце ќе навиваат за баскијците. Атлетик пет години нема победа на „Сан Мамес“ против Реал, но во претходните две сезони беше нерешено, а и тоа е исход од кој во Барса би биле задоволни, под услов вечерва да победат на непријатното гостување кај Вилјареал.

Пресметката на Атлетик и Реал е специфична, бидејќи првпат по продолжувањето на сезоната, Реал игра во термин пред Барса. Кралскиот клуб ако победи, привремено би побегнал на седум бода плус, и ќе биде многу блиску до титулата дури и ако каталонците доцна вечерва слават кај Вилјареал, бидејќи така разликата би била четири бода на четири кола до крајот. Ако Реал не победи, а Барселона да, во последните четири кола ќе има мртва трка за трофејот, особено што распоредот на мадриѓаните е понезгоден.

Главната сила на Реал сезонава неочекувано е одбраната, тие се тим со најмалку примени голови, но еден од столбовите на одбраната, Рафаел Варан, нема да игра. Денешниот меч со Атлетик е вистински тест за Едер Милитао, кој е „слабата точка“ иако за него на Порто му платија 50 милиони евра. Со Милитао на терен, Реал има 11 победи, четири порази и едно реми.

Заморот може да биде минус за Реал, тимот играше во четвртокот доцна вечерта, за разлика од Атлетик кој имаше 26 часа повеќе одмор и време за подготовка, и затоа во Каталонија веруваат дека денеска е шансата кога треба да ја намалат негативата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести