Во Битола се игра мечот на сезоната, Пелистер и Вардар бијат битка за ракометната титула

Еурофарм Пелистер и Вардар денеска од 19 часот го играат клучниот меч на сезоната што одлучува за ракометната титула во Македонија и вечното дерби на нашите гиганти ќе биде во фокусот на спортската јавност.

Битолчани славеа во Скопје во драматичен меч против актуелниот првак со 24:23 и ако и денеска успеат да победат речиси сигурно ќе бидат нови шампиони.

Четири бода предност пред Вардар на три кола до крајот би биле недостижни и Пелистер има меч-топка на свој терен.

Вардар кој е најтрофеен клуб во Македонија има поинакви планови и ќе оди на победа што може да го врати во игра за одбрана на шампионската круна.

Црвено-црните се убедливо на врвот на вечната листа со 14 шампионски круни, пред Пелистер и Металург со по шест, а по еден пехар имаат и Борец и Преспа.

 

- Оглас -

Најнови вести