Во бордот на директори на Јунајтед седат луѓе кои немаат поим од фудбалот, одбиле да гo купат Халанд

Поранешниот привремен менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, кој сега е селектор на Австрија, вели дека челниците на англискиот тим не го послушале и одбиле да го купат Ерлинг Халанд.

Рангник во разговор за „Билд“ открива дека на бордот на директори им дал листа од шест имиња кои сакал да бидат купени, меѓу нив бил и Халанд, но добил негативен одговор.

„Имав листа од неколку имиња кои сакав да ги купиме, но клубот не сакаше да ги донесе на Олд трафорд. И без таа листа, на секого му беше јасно дека во клубот требаше да се направат големи промени. Затоа зборувавме за играчи како што се Јошко Гвардиол или Кристофер Нкунку од Лајпциг кои беа реални мети. Исто така зборувавме и за Алваро Мората, Луис Дијаз, Душан Влаховиќ и како што кажав претходно, Ерлинг Халанд и тоа кога сите играчи беа достапни на трансфер пазарот. Сепак, управата на клубот одлучи да започне реконструкција на тимот со нов менаџер“, вели Рангник.

Од листата што ја составил Рангник, само Гвардиол и Нкунку не направија трансфер во последните два преодни рока и останаа во Лајпциг. Дијаз потпиша за Ливерпул, Влаховиќ за Јувентус, а Мората се врати во Атлетико Мадрид.

Што се однесува до Халанд, Норвежанецот го носи дресот на тим од Манчестер, но Синиот на Сити и е вистински страв и трепет за голманите во Премиер лигата. На 11 натпревари во Премиер лигата, Халанд постигна дури 17 гола.

- Оглас -

Најнови вести