Во Бразил се апси за расизам, навивач на Бока јуниорс заврши во затвор (Видео)

Коринтијанс го доби големото дерби против Бока јуниорс со 2:0, а мечот го одбележа и инцидент на трибините, каде што беа гостинските навивачи и еден од нив заврши зад решетки.

Ги навредуваше домашните фудбалери на расна основа, со имитирање мајмун, и веднаш беше уапсен.

Racist Boca Juniors fan mimicking a monkey to Corinthians’. He was arrested a few minutes later. from soccer

Коринтијанс со двата гола на Мајкон во петтата и во 78-мата минута ја победи Бока и по три одиграни натпревари во Е групата во Копа Либертадорес, се наоѓа на врвот на табелата.

Бразилскиот тим има шест бода, а Бока јуниорс е последна со три, колку што имаат и Депортиво Кали и Олуис Реди, но со по еден меч помалку.

Првопласираните две екипи ќе играат во осминафиналето во јужноамериканската Лига на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести