Во Бруклин се чудеа каде исчезна Ирвинг, а тој се забавува на роденденска забава (видео)

Мистеријата околу искезнувањето на Кајри Ирвинг е разрешена, ѕвездата на Бруклин своеволно ја напушти екипата за да може да ги прослави родендените на својата помала сестра и својот татко.

Ирвинг го нема во тимот на Нетс веќе неколку дена, по што тренерот Стив Неш се чудеше каде е неговиот играч во пресрет на мечот против Филаделфија.

На социјалните мрежи се појави видео во кое се гледа дека Ирвинг убаво се забавува покрај своите најблиски, а можно е да му следува самоизолација со оглед на тоа дека се изложил на ризик.

- Оглас -

Најнови вести