Каква мајсторија, во Бундеслигата „се појави Марадона“, тешко дека сезонава ќе падне поубав гол (Видео)

Герит Холтман од Бохум попладнево постигна гол за кој уште долго ќе се зборува и гол кој ќе биде топ фаворит за погодок на сезоната во Бундеслигата. Холтман на мечот со Мајнц, во стилот на Диего Марадона од историскиот меч со Англија од пред 35 години, ја издрибла речиси цела противничка одбрана, а откако се ослободи од петмина чувари, го совлада голманот на противниците на кого му ја протна топката низ нозе.

Погледнете го голот кој вреди да се види:

https://twitter.com/i/status/1429085410823753731

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести