Во Даблин ќе грми вечерва, Ирците никогаш нема да им простат на Французите за „раката на Анри“ (Видео)

На селекторот на репрезентацијата на Република Ирска, Стивен Кени, најлесно му е да ги мотивира своите избраници за вечерашниот меч со Франција бидејќи доволно му е само да им пушти снимка од контроверзниот дуел во 2009 година, кога Ирците на нечесен начин беа поразени од Триколорите во баражот за СП 2010.

Иако поминаа 14 години, Ирците не забораваат каква неправда им беше нанесена, а Тјери Анри и понатаму е најомразената личност на зелениот остров.

„Ракометот на Анри“, по кој Вилијам Галас даде гол, ја однесе Франција на Мундијалот во 2010 година, а Ирците тешко го поднесоа испаѓањето. Во тоа време немаше ВАР-систем, но и судиите на теренот требаше да видат дека Анри двапати играше и рака, па и дека неколку секунди претходно,имаше и можна офсајд-позиција.

Франција и Република Ирска имаат играно двапати по тој меч, Франција победуваше двапати, но вечерва првпат ќе се сретнат во Даблин и на гостите нема да им биде лесно, иако Ирците последната победа над Французите ја имаа во 1981 година, па гостите се фаворити според квотите во обложувалниците Sport Life.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести