Во дебито на Барди за Трабзон, спасен животот на 24-годишен навивач

Минатиот вторник Енис Барди дебитираше во дресот на Трабзонспор, кога турскиот првак гостуваше кај Копенхаген во првиот меч од плејофот во Лигата на шампионите. Од таборот на Копенхаген пред неколку часа се изјаснија со соопштение околу една успешна интервенција на брзата помош токму за време на споменатиот дуел.

По околу 15 минути игра, на еден дел од трибините му се слошило на 24-годишен навивач, но медицинскиот тим навремено реагирал и бил спречен посериозен проблем. Се работело за срцев удар, но навивачот добил ЦПР интервенција и со помош на дефибрилатор медицинските лица успеале да му го разработат срцевиот мускул.

Во тој период Барди беше на клупата за резерви на Трабзон, заигра во вториот дел по малку повеќе од половина час. Дебито го памети со пораз од 2-1, но шанса за Барди да им се реваншира на Данците ќе има за два дена, во возвратниот дуел во кој ќе се брка пласман во групната фаза од ЛШ. Македонската ѕвезда е во одлична форма откако постигна два гола во лигашкото деби завчера против Анталијаспор, меч во кој Трабзон сепак се посрамоти и загуби со 5-2.

- Оглас -

Најнови вести