Во Дебрецин денеска околу салата беше како да немало ракометно ЕП до вчера (Фото)

Заминувањето на македонските, па и помалубројните словенечки, дански и уште помалубројни црногорски навивачи, повторно го вратија Дебрецин во „нормала“, откако градот изминатата недела пулсираше по повод Европското првенство во ракомет.

Локалните жители секаде околу себе среќаваа странски фанови, а салата „Феникс хол“ во која се играа мечевите и нејзината околина, беа „накитени“, за да се знае дека тука има големо натпреварување. Имаше и пункт за тестирање за Ковид-19.

Некој што не знае дека до вчера таму се играле мечеви, денеска со ништо немаше да дознае дека имало настан со илјадници навивачи и бројни новинарски екипи придружени и со телевизиски камиони околу салата како поддршка за ТВ преносите.

Мечевите завршија синоќа, а организаторите се потрудија експресно да ги извадат таблите кои стоеја тука за време на шампионатот. Остана по некоја ограда на паркингот, кој денеска „зјаеше“ празен, откако претходните денови на него секогаш имаше автобуси.

 

- Оглас -

Најнови вести