Во домот на Вертонген влегле четворица вооружени крадци

Гостувањето кај Лапциг на 10 март, белгискиот фудбалер Јан Вертонген, нема да го памети по лошо само поради резултатот и елиминацијата на Тотенхем од Лигата на шампионите, туку и поради еден друг немил настан кој се случил додека Јан беше во Германија со својот клуб.

Во неговиот дом влегле четворица маскирани крадци, вооружени со ножеви и мачети. Во тој момент, дома била сопругата на Вертонген, Софи, и двете мали деца. Крадците им се заканувале додека барале пари, накит, телефони, и други вредни работи. Полицијата уште трага по сторителите, а при упадот никој не бил повреден.

Вертонген не е првиот играч од Премиерлигата кој е нападнат или ограбен. Иста или слична судбина имаше и Мамаду Сако од Кристал Палас, а двоецот на Арсенал, Месут Озил и Сеад Колашинац, се спаси благодарение на храброста на Босанецот.

- Оглас -

Најнови вести