Во Дубаи има кошаркарски клуб кој се вика Југославија!

Доминацијата на некогашна Југославија во кошарката, инспирираше една група ентузијасти на 5.000 километри од екс-југословенските простори, во Дубаи, да формираат кошаркарски клуб кој се вика Југославија. Тимот игра во препознатливи дресови со натпис Југославија, а има и петокрака.

Интересно е што екипата од Обединетите Арапски Емирати ја основаше Швеѓанецот Патрик Седрел чија мајка е Црногорка. КК Југославија игра во аматерската лига „Ball above all“ (баскетот над сè). Сите членови на тимот си имаат работа во Дубаи, а ова им е за забава. Клубот Југославија постои веќе трета сезона, а пред две години имала и еден Македонец во своите редови. Сега во тимот не се сите од поранешна Југославија, играат и Сенегалци и Мароканци.

Освен техниката која ја имаат како надомемстување на слабата кондиција, во тимот го имаат балканскиот темперамент, па тимот има најголем број на технички лични грешки во лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести