Во Европа ретко кој слушнал за него, а на Инстаграм има следбеници колку Бекам и Леброн Џејмс заедно

Индиската крикет ѕвезда Вират Коли, е третиот најпопуларен спортист на светот, според бројот на следбеници на Инстаграм. Да, Вират Коли, човекот за кој слушнале само оние што следат крикет, а такви се малку во Европа, САД, Африка и Јужна Америка.

Коли кој има 33 години, на Инстаграм има дури 204 милиони следбеници, а од спортистите, повеќе од него имаат само фудбалерите Кристијано Роналдо (459 милиони) и Лионел Меси (342 милиони). За споредба, Коли има повеќе следбеници од светски славните и препознатливи Леброн Џејмс и Дејвид Бекам, заедно.

Коли во 2017 и 2018 година беше спортист на годината во својата земја, а со репрезентацијата на Индија стана светски првак во 2011. Во 2020 година, тој беше 66-ти најплатен спортист на светот со годишен приход од 24,6 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести