Во ФФМ нема заразени од Коронавирус, епидемијата го одмина и селекторот Ангеловски

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, и потпретседателот на федерацијата, Лазар Ракиџиев, без никакви симптоми на постоење Коронавирус го минаа периодот од 14 денови од 3 март до 17 март по присуството на Конгресот на УЕФА во Амдстердам.

Првите луѓе на македонскиот фудбал по препорака од Институтот за јавно здравје минаа неколку дена во изолација откако беше потврдено дека претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Синиша Кокеза, и неговиот заменик Марко Пантелиќ, кои исто така беа дел од Конгресот на УЕФА, се позитивни на Коронавирусот SARS-CoV-2.

Без симптоми на Коронавирусот по враќањето од Амстердам се и селекторот на македонската репрезентација А, Игор Ангеловски, и портпаролот Златко Андоновски. Двајцата по официјалната посета на тренинг-центрите и сместувачките капацитети за ЕВРО 2020 во Холандија, пристигнаа во Скопје, ден подоцна од водечките луѓе на ФФМ.

Во нашата Фудбалска федерација се спроведуваат и мерките на Владата за работа со ограничени ресурси на луѓето поради опасност од ширење на Коронавирусот.

Имајќи ги предвид препораките и забраните од надлежните институции за превенција од Коронавирусот, оваа одлука е разумна. Се случува досега нешто невидено во фудбалот и спортот воопшто. Мораме да бидеме загрижени за здравјето на сите кои се поврзани со нашата организација. Ова е вонредна ситуација и мораме да се носиме со тоа. ФФМ кон овој проблем постапува максимално одговорно. Животот на луѓето мора на сите нас да им биде на прво местоизјави генералниот секретар, Филип Поповски, за официјалната интернет-страница на ФФМ.

- Оглас -

Најнови вести