Првото големо Светско клупско првенство на ФИФА со 32 клуба, кое ќе се игра летово од 14 јуни до 13 јули, може да мине без новиот европски првак и тоа влева потаен страв кај челниците на ФИФА предводени од претседателот Џани Инфантино, пишува каталонскиот „Ел Мундо депортиво“.
Според „Ел Мундо“, ако ја прашате ФИФА, тие никако не би сакале во финалето на Лигата на шампионите сезонава да бидат Барселона и Арсенал. Овие два клуба не се меѓу учесниците на СКП. За имиџот на ФИФА не би било добро првото СКП да помине без актуелниот европски шампион и без играчи кои се потенцијални освојувачи на Златната топка.