Во финалето на ЕП ќе играат селекциите коишто беа фаворити за златото уште пред да почне турнирот

Репрезентациите на Полска и Италија ќе играат во финалето на Европското првенство во одбојка. Полска прва обезбеди место во мечот за златото откако со 3:1 во сетови ја совлада Словенија.

Полска беше фаворит пред мечот, но Словенија го освои првиот сет со 25:23. Сепак, во следните три сета полските одбојкари беа подобри и ги добија со 25:21, 25:20 и 25:21, што беше доволно за пласман во финалето на континенталниот собир.

Со оваа победа Полска конечно ѝ се реваншира на Словенија за претходните порази на ЕП во 2021 и ЕП 2019 година, исто така во полуфиналната фаза.

Во финалето во Рим ќе игра и домашната селекција на Италија, која без многу мака со 3:0 во сетови беше подобра од Франција. Во првиот сет Франција водеше со 18:17, а потоа следуваше серија од 5:0 за Аѕурите и тоа беше доволно да го добијат првиот сет со 25:21.

Во вториот сет Италија започна многу посигурно и поведе со 3:0, потоа со 9:5 и потоа константно ја контолираше предноста од неколку поени и на крајот лесно стигна до 2:0 со вкупни 25:19. Потоа Французите како да се предадоа и третиот сет беше само рутински за Италија да го добие со 25:23 и да обезбеди место во финалето и дуел за златото против Полска.

 

- Оглас -

Најнови вести