Во финалето на Купот на Бугарија ќе има 12.000 гледачи

Добра вест за навивачите на ЦСКА Софија и Локомотив Пловдив. Финалето на бугарскиот куп закажано за 1 јули на националниот стадион „Васил Левски“ во Софија, ќе може да го гледаат 12.000 навивачи.

Претходно, се најавуваше оти ќе се пуштат само 4.000 луѓе и тоа по 1.000 на секоја трибина, со држење на дистанца еден од друг. Сепак, утрово премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, имал средба со претставници на националниот оперативен штаб, таму се разгледувало и финале на Купот, и била донесена одлука која ги радува фановите на двата клуба финалисти. На трибините ќе може да присуствуваат 12 илјади навивачи, рамномерно распределени по сектори и трибини, а и ЦСКА и Локо ќе добијат по 6.000 билети.

- Оглас -

Најнови вести