Во форма се прогнозерите, „ајфонот“ нема каде да бега

Прогнозерите се во форма на почетокот на четвртата сезона на Спортска прогноза, а во стартните две кола беа многу блиску до премијата „ајфон 12“ што се доделува во секоја рунда за погодени 13 парови.

Во стартното коло, дури тројца учесници во бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија погодија 12 двојки и беа само на еден чекор до прекрасниот мобилен телефон.

Во ова коло што заврши вчера има еден прогнозер со 11 погодоци и ќе добие награда ваучер од 500 денари. Ацо С. беше блиску до комплетно погодена Тринаесетка, но на два англиски натпревари ги промаши знаците за конечен резултат.

Типот на мечот Брајтон – Евертон му е дека ќе има реми, а победија гостите со 2:0 и промашена е прогнозата на мечот меѓу Барнли и Лидс, каде што чекаше победа на гостите, а дуелот заврши без победник, 1:1.

Интересно е што во првите две кола веќе се доделени три ваучери од по 1.000 денари што можат да се одиграат во Sport Life и уште вкупно дури 24 ваучери од по 500 денари.

Тоа е потврда дека лесно може да се добие убава награда само ако се учествува во бесплатната игра. Потребно е само да се има СЛ картичка од Sport Life, а и таа е бесплатна и може да се добие во сите обложувачки места на Sport Life.

И за приклучување во карванот на бројната армија учесници на Спортска прогноза никогаш не е доцна, а новите парови од третото коло ќе можете да ги типувате од утре, од 14 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести