Во формула 1 се враќа патеката на која загина легендарниот Аиртон Сена

Трки во Формула 1 шампионатот оваа сезона нема да има на двата американски континенти. Според најновите одлуки на првите луѓе на Ф1, трките во САД, Мексико и Бразил нема да се одржат поради ситуацијата со Коронавирусот на двата американски конетиненти.

Челниците на Ф1 одлучиле дека нема да ризикуваат затоа што во САД и Бразил е алармантна ситуацијата со опасниот вирус. На местото на трите откажани трки, ќе има три нови трки во Европа. Ќе бидат организирани трки на патеките во легендарните Нирбунринг и Имола во Германија и Италија, а португалската патека Портимао за прв пат ќе дебитира во најбрзиот циркуз во светот.

Засега нема фиксен календар за оваа сезона во Ф1 а оптимистичката варијанта е дека ќе се извозат 16 трки. Досега се сигурни 13 трки, а се очекува да има две трки во Бахреин и една во Абу Даби за да се стигне до бројката од 16 трки сезонава.

- Оглас -

Најнови вести