Во Фрајбург беа збунети од барањето на навивачите на Јувентус, но мораа да го исполнат

Фрајбург и Јувентус вечерва ќе играат во реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на Европа, а во центарот на вниманието се најдоа фановите на гостинскиот тим. Навивачите на Јувентус биле непријатно изненадени кога сфатиле дека на стадионот на Фрајбург, во делот наменет за гостите нема столчиња.

Навивачите на италијанскиот гигант инсистирале да бидат монтирани столчиња за седење на нивниот дел од трибината, па домаќинот беше принуден тоа барање да го исполни.

Во Германија е дозволено на дел од трибините каде што се најверните домашни фанови, но и делот за гостински навивачи да биде без столчиња. Тоа го дозволува и УЕФА, но од Фрајбург решија да го исполнат барањето на симпатизерите на Јувентус, па за кратко време поставија столчиња на делот од трибината наменет за гостите.

Јувентус победи на првиот меч во Торино минимално со 1:0, што значи дека вечерва се очекува интересен дуел во кој треба да биде познат патникот за следната фаза во второто по квалитет натпреварување на УЕФА.

Овој меч го има во понудата на Sport Life како Специјален сингл, што значи дека има огромен број игри кои може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести