Професорот за тенис е како дома во Хале – Рекордна десетка за Федерер

Роџер Федерер си има омилен турнир, а Хале ќе биде запишано во колекцијата од многу рекорди за Швајцарецот по освојување на десеттата титула.

Во финалето Федерер победи со 7:6, 6:1 и во рекордното 13. финале за него во Хале ја освои рекордната десетта круна на ист турнир.

Сега Роџер има вкупно 102 титули на АТП турнирите и опасно му се доближи на Џими Конорс и неговиот рекорд од 109 трофеи на тениските турнири.

Гофан го загуби и вториот меч против Федерер во Хале и тоа по слично сценарио како и во четвртфиналето во 2016 година, кога Белгиецот загуби со 1:6, 6:7.

- Оглас -

Најнови вести