Во игра се два датуми за рестартирање на сезоната во Серија А

Сезоната во Серија А ќе продолжи на 13 или 20 јуни, известуваат италијанските медиуми. Овие два датуми засега се најповолни, а конечна одлука ќе се донесе до 28 мај.

Од сезоната 2019/20 преостанаа да се доиграат вкупно 124 натпревари, кои ќе се одржат во девет викенди и во три наврати ќе се игра преку работна недела. Познати се и термините за мечевите кои ќе се играат во сабота и во недела, тоа се 16.30 часот, 18:45 и 21 часот.

Првиот бран тестирања на фудбалерите и стручните штабови на калчолигашите помина, екипите почнаа со групни тренинзи, односно почнати се подготовките за продолжување на првенството.

Пред прекинот, на врвот на табелата стоеше Јувентус со 63 бода по 26 меча, Лацио има еден бод помалку, додека доста интересна е битката за опстанок во која учествуваат Фиорентина, Удинезе, Торино, Сампдорија, Џенова и Лече, а СПАЛ и Бреша речиси сигурно ќе испаднат во Серија Б.

- Оглас -

Најнови вести