Во игра се три датуми за рестарт на сезоната во Ла Лига

Клубовите во најелитната шпанска лига оваа недела се вратија во тренажен процес речиси по два месеци пауза, а како што е редот, сите играчи на 20-те екипи беа тестирани според протоколот. Засега нема нови случаи на ковид-19 и тоа се позитивни вести, што значи дека продолжувањето на сезоната е на повидок.

Шпанските медиуми тврдат дека челниците на шампионатот разгледуваат три датуми за рестарт на сезоната, а тоа се 12, 19 и 26 јуни. Наскоро треба да се одржи состанок меѓу раководството на Ла лига и шпанската Влада, по кој многу работи ќе бидат појасни, меѓу кои и датумот за враќање на терените.

Екипите имаат најмалку три недели време за да ја повратат формата и да влезат во натпреварувачки ритам. До крајот на сезоната останаа уште 11 кола за доигрување и се верува дека тоа ќе се случи без поголеми проблеми.

 

- Оглас -

Најнови вести