Во Иран немаше пренос од Аугзбург – Баерн, причина е судијата

Иранската телевизија е позната по многуте преседани кога се во прашање преносите од фудбалските настани, а најновиот е откажувањето на преносот од дуелот од германската лига помеѓу Аугзбург и Баерн Минхен, затоа што мечот го судеше жена.

Во Иран на сила е шеријатски закон и жените мора да бидат покриени, па затоа кога дознаа дека ќе суди жена со голи нозе, го откажаа преносот.

Средбата ја судеше познатата германска судијка Бибијана Штајнхаус. Мечот беше интересен, паднаа пет гола, но Иранците немаа прилика да го гледаат на телевизија.

Во Иран се забранети конзумирањето алкохол, ноќен живот, играње и секаква музика која не ја минала цензурата на верската полиција, па и прикажување на непокриена жена на ТВ е нешто што нема шанса да се појави на малите екрани во таа земја.

Неодамна, Иранците го користеа стариот грб на Манчестер јунајтед од 1972 година, бидејќи актуелниот грб има ѓавол како симбол, што не е дозволено. Пред некоја година беше замаглен амблемот на Рома, на кој има волчица со дојки од кои цицаат близнаците Ромул и Рем.

- Оглас -

Најнови вести