Во Италија да има публика на трибините, но под еден услов

Претседателот на италијанската Серија А, Паоло Дал Пино, на владата и предложи на секој граѓанин кој е вакциниран против Ковид-19, да може да ги гледа во живо мечевите во Италија. Масовната вакцинација против вирусот во Италија веќе е почната, а според Дал Пино тоа ќе се одрази и на спортот во земјата.

„Мислам дека треба да им дозволиме на вакцинираните граѓани да дојдат на стадион и да присуствуваат на натпреварите. Понудивме план од 300 страници за тоа како може да дозволиме публика на стадионите, при исполнетост од 20-30% од капацитетите на стадионите, но до моментов не сме добиле одговор од Владата. Не сме добиле ниту телефонски повик. Се надевам дека ќе може да им дозволиме влез на стадионите барем на оние фанови кои се вакцинирани” – вели Дал Пино.

- Оглас -

Најнови вести