Во Италија нема изненадувања – Вртелешката во Рим заврши со реми 3:3

Фудбалската вртелешка во Рим застана на 3:3 и на добитен број 41 за Болоња, екипа која со ремито против Лацио вечерва си обезбеди опстанок во Серија А.

И ја остави Џенова на Горан Пандев во незавидна ситуација пред мечевите во последното коло во Калчото.

Лацио, кој има обезбеден настап во Лигата на Европа, откако го освои Италијанскиот куп, играше ревијален меч, а поведе со голот на Кореа во 14-тата минута.

Само за 60 секунди во второто полувреме Болоња направи комплетен пресврт, а стрелци беа Поли во 50-тата минута и Дестро во 51-вата минута.

Бастос израмни на 2:2 по еден час игра, а потоа гостите повторно имаа предност откако Орсолини погоди во 63-тата минута. Милинковиќ-Савиќ со погодок во 80-тата минута ги постави конечните 3:3, резултат што потполно им одогвара на избраниците на Синиша Михајловиќ. Болоња има недостижни 4 бода предност пред Џенова, екипа која е најзагрозена на позиција која води во понисок ранг.

- Оглас -

Најнови вести