Во јануари се тргнува жестоко, со многу дерби мечеви

Новата година само што започна, но мирување во фудбалот нема. Уште денеска во Англија ќе се тркала фудбалската топка по терените. Се играат три меча од Премиер лигата и комплетното коло во Чемпионшип. Евертон – Лестер е првиот меч кој ќе ги најави возбудувањата, не само во Англија, туку во цела Европа.

Според направениот календар, уште од сега се знае дека јануари ќе биде месец со многу возбудувања и дерби мечеви. Првото дерби ќе се игра во Манчестер каде Сити ќе го пречека Ливерпул, на 3 јануари. Во Премиер лигата во јануари ќе играат и Манчестер јунајтед – Тотенхем (13 јануари) и Арсенал – Челзи (19 јануари).

Во Италија, Јувентус ќе го пречека Милан на 16 јануари, а „росонерите“ ги очекува уште еден многу тежок меч и тоа на „Сан Сиро“ против Наполи. Реал ќе игра против Севилја на 20 јануари во Примера дивисион, а и во Холандија ќе има дерби и тоа меѓу Феенорд и Ајакс (27 јануари).

 

- Оглас -

Најнови вести