Во Џекла е празник на фудбалот со навивачи на трибините – Илјада луѓе дојдоа да го поздрават 6-кратниот шпански првак (Видео)

Третолигашот Џеклано доби дозвола со навивачи на трибините да го дочека шесткратниот шпански првак Валенсија во првата фаза од Копа дел Реј.

Празникот на фудбалот во малото гратче од покраината Мурсија и гостувањето на популарните Лилјаци го следат околу илјада симпатизери на членот на Третата шпанска лига.

Во Шпанија се уште е на сила забраната за навивачите кои не можат да присуствуваат на натпреварите од Ла Лига и од Сегунда, но во Џекла вечерва има фудбалска атмосфера со симпатизери на трибините на „Кампо дела Констутион“ стадионот, кој е дом на третолигашот Џеклано.

И на дел од останатите натпревари во првата рунда од шпанскиот куп е дозволено да има навивачи на трибините, за првпат од март, лани, кога почна кризата со Ковид-19.

По првото полувреме Валенсија води со 3:0 со головите на Канг-Ин Ли на Урош Рачиќ постигнати во раната фаза и на погодокот на Рубен Собрино во 35. минута на мечот од Копа дел Реј.

Yeclano 0-3 Valencia – Rubén Sobrino 35′ from soccer

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести