Во каков луксуз ќе биде сместен Меси? (Фото)

Лионел Меси и неговото семејство пристигна во Париз, градот кој треба да биде нивниот дом најмалку во следните две години. Аргентинецот треба да ги помине лекарските прегледи пред да го стави потписот на договорот кој ќе му носи по 35 милиони евра годишно.

По 21 година престој во Барселона, Меси сега се пресели, а во првите неколку дена, тој и семејството ќе престојуваат во хотелот „Le Royal Monceau“. Тоа е хотелот кој во 2017 година беше сместен и Нејмар кога пристигна во ПСЖ во 2017 година. Ова е луксузен хотел, каде една соба за двајца возрасни за една ноќ чини барем 885 евра.

Во хотелот ги има сите луксузни содржи, па Лео и неговото семејство буквално ќе уживаат додека се таму, а потоа ќе треба да најде куќа која ќе треба да биде негов нов дом.

 

- Оглас -

Најнови вести