Во криза и шеиците станаа скржави – Манчестер сити нема да ги плаќа вработените

Манчестер сити нема да го плаќа помошниот персонал во време на кризата со Коронавирусот, односно во периодот во кој не се игра фудбал во Англија, објавија тамошните медиуми.

Проценката е дека трошокот за плати за вработените би изнесувал околу еден милион евра, што е трошка во однос на богатството од 30 милијарди евра што го поседува шеикот Менсур Бин Зајед, првиот човек на англискиот првак.

„Очекувате од големите клубови да бидат големи и во вакви периоди. И да помогнат и да не подржат бидејќи вредно работиме за плата. Но, не е така“, е изјавата на член на заедницата на Манчестер сити што е вработен во клубот.

Сити нема проблем со пари, бидејќи зад нив стои капиталот на богатите шеици од Катар и глобалниот гигант „Сити фудбал груп“, па можеби и ситуацијата ќе се смени во корист на вработените во клубот на актуениот англиски првак.

- Оглас -

Најнови вести