Во Лацио гневни поради корпата од Давид Силва

Давид Силва од вчера и официјално е нов член на Реал Сосиедад. Долгогодишниот креативец на Манчестер сити се врати во Шпанија по 10 години поминати на Островот, а овој ангажман не им се допадна на челниците на Лацио.

Како што беше познато, Силва веќе беше договорен со Небесносините да се пресели во Вечниот Град. Искусниот играч за врска имаше прифатено тригодишен договор со плата од 4 милиони евра по сезона, меѓутоа во деновите кога требаше да се појави на закажаните медицински прегледи, Силва не го одржал зборот.

Од Лацио тврдат дека неколку дена Силва не им одговарал на повиците, ниту ги известил во меѓувреме дека се премислил и одлучил да ја задолжи опремата на Реал Сосиедад. За изборот на Силва, Лацио дозна дури откако Сосиедад го потврди ангажманот преку социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести