Во Либија е киднапиран поранешен фудбалер на Партизан

Поранешниот фудбалер на белградскиот Партизан, Мохамед Забија, е киднапиран од страна на екстремистичка група во родната Либија.

Според либиските медиуми, Забија пред неколку дена е киднапиран од вооружената група Гнева Ал-Какли, а покрај фудбалерот, киднапиран бил и уметникот Асер Бахир, но тој во меѓувреме бил ослободен.

„Многумина пријатели ме прашуваат дали информацијата за киднапирањето на ѕвездата на Ал-Итихад, Мохамед Забија, е вистинска. Да, уште од четвртокот не сме во контакт“, изјави вујкото на фудбалерот.

Забија дресот на Партизан го носеше во сезоната 2012/13, а има играно и за екипите на Аскат, Ал-Итихад, Ал-Араби, Оран, Есперанс…

- Оглас -

Најнови вести