Во Лисабон е вратен карантинот, дали завршницата на ЛШ е во опасност?

Последниве денови во Португалија и во главниот град Лисабон се зголеми бројот на заразени од корона-вирусот. Карантинот е вратен во сила, како и забраната за собири на повеќе од 10 луѓе на едно место, а продавниците и кафулињата мора да затворат најдоцна во 20 часот како мерки за спречување на ширење на заразата. Ова фрла нова сенка врз можноста таму да се игра завршницата од Лигата на шампионите во фудбал, како што одлучи УЕФА.

Нема дилеми дека четирите четвртфиналиња, двете полуфиналиња и финалето ќе се играат во еден меч и во ист град, но сега се поставува прашањето дали Лисабон е доволно безбеден.

Завршницата од ЛШ треба да се игра во средината и во втората половина на август и има време да се подобри ситуацијата, па тоа дава надеж дека сепак ќе има услови во Лисабон да се одржи таков голем настан. Проблемот е што се намалуваат шансите да се игра со публика на трибините.

- Оглас -

Најнови вести