Во Маџари има мајстор за голови, од норвешките лиги си ќари повеќе од 4.000 евра, а во Куманово има махери за фиксови

Иако изминатиов викенд се играа неколку големи дерби-пресметки во европските лиги, има мајстори за обложување што не ги одиграле дуелите меѓу Реал и Барселона, како и Ливерпул и Манчестер сити, а играле на норвешките трети лиги и заработиле неверојатна сума пари.

Еден обложувач во скопско Маџари уплатил тикет со 200 денари и заработи малку повеќе од 256.000 денари.

МАЈСТОР ЗА ГОЛОВИ ВО НОРВЕШКИТЕ ТРЕТИ ЛИГИ

На уплатното место на Sport life во Маџари ни доаѓа фантастичен тикет со 10 одиграни меча од норвешките трети лиги, на кои се бараше да има повеќе од пет гола, и овој мајстор си заработи 256.432 денари.
На натпреварот помеѓу Бремнес и Сторд во првото полувреме беше 0:0 и сигурно овој резултат го загрижил обложувачот. Но, во вториот дел, од 46-тата до 82-рата минута беа постигнати пет гола.

Критично беше и на натпреварот меѓу Оркла и вториот тим на Розенборг, каде што петтиот гол беше постигнат во 85-тата минута.

На натреварот меѓу Мјолер и Босекоп по првото полувреме беше 2:1 за домашниот тим, но на петтиот гол за тикетот да биде добитен се чекаше до 88-мата минута. Потоа беше постигнат уште еден гол и натпреварот заврши 4:2 за домаќините. На останатите натпревари, стрелците беа порасположени за давање голови, па на натпреварот на вторите екипи на Стромсгодсет и Мјондален беа постигнати дури 10 гола, а имаше средби и со девет и со осум постигнати голови.

СО „КЛАСИКА“ ДО УБАВА ДОБИВКА

Во Куманово, обложувач одиграл тикет со 12 натпревари, на кој барал фиксни победи на домаќините или на гостите. Првите три натпревари на кои се бараше триумф на Ленс, Атлетико Мадрид и Ватфорд завршија со минимални триумфи на одиграните екипи. На крајот, седум натпревари завршија со минимален триумф, додека на пет победата беше поубедлива. На крајот, мајсторот од Куманово за 12 одиграни фикса заработи 78.216 денари.

ГОЛ ВО 45+1 МИНУТА ЗНАЧЕШЕ ГОЛЕМА РАДОСТ ВО СТРУГА

Во Струга, на тикет од само четири меча со 100 вложени денари, добивката е 74.646 денари. Играта е на полувреме да биде нерешено, а потоа да има победник. Атлетико Мадрид на гости го победи Атлетик Билбао со 1:0, а голот за триумф го даде Гриезман во вториот дел. Слично беше и на дуелот Мајорка – Севилја, каде што на полувреме немаше погодоци, а во вториот дел Гудељ со еврогол им донесе минимална победа на гостите.

Тотенхем во второто полувреме го скрши отпорот на Евертон и мечот заврши со триумф на домаќините од 2:0, откако на полувреме беше 0:0. Најдраматично беше на дуелот Аталанта – Сасуоло, каде што гостите поведоа во 41-вата минута, но Аталанта со гол во 45+1 минута стигна до 1:1 за да биде нерешено на полувреме. На почетокот на вториот дел домаќините дадоа уште еден гол, па трите бода останаа за тимот од Бергамо, а обложувачот од Струга си заработи одлична добивка.

- Оглас -

Најнови вести