Во Мадрид нема шанса за голеада како таа во Париз

1940 Хапоел Тел Авив – Макаби Хаифа (18.30 часот)

Иако остануваат уште осум кола до крајот и многу бодови се во игра, Хапоел нема добри шанси да стане шампион на Израел, а Макаби Хаифа речиси ни теорија. Хапоел е на 12 бода минус во однос на лидерот Беитар и ако победи, ќе остане на четвртото место, но со негатива од девет бода. Макаби Хаифа загуби пет од последните шест лигашки мечеви, додека Хапоел имаше само еден пораз во претходните 13 кола. Хапоел дома е феноменален, има 12 победи на 13 меча, додека Макаби Хаифа на гости има дури осум ремија на 14 меча.

Предлог тип: 1 (2.45)

 

2501 Тромсо – Бран (19.00 часот)

Тромсо има „летечки старт“ на сезоната во норвешката лига, има 19 бода по седум одиграни натпревари, а во овие седум досегашни кола прими вкупно само два гола. Нема пораз во 2026 година ниту на официјален, ниту на пријателски меч. Бран е тим кој има скромни четири бода од шест меча, а гол-разликата им е 11-11. Пред еден месец кога се сретнаа во Берген, Тромсо победи со 2-1, но Бран победи на последните две гостувања кај Тромсо.

Предлог тип: 1 (1.96)

 

5706 Ал Наср – Ал Ахли (20.00 часот)

Ова е големо дерби на саудискиот фудбал, станува збор за клубови од „големата четворка“, а Кристијано Роналдо ќе се обиде да даде некој гол и да се доближи до историската граница од 1.000 погодоци во кариерата. Ал-Наср е лидер, добро му оди во трката за титулата, а Ал-Ахли е трет со десет бода помалку. Ал-Наср дома има 13 победи на 14 меча. Последните четири меѓусебни дуели на овие тимови во сите натпреварувања беа со голови на двете страни. Ал-Наср повеќе од една година чека триумф над Ал-Ахли.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

6002 Атлетико Мадрид – Арсенал (21.00 часот)

За разлика од синоќа и голедата во Париз, во вечерашното полуфинале од ЛШ најверојатно нема да има толку голови. Одбраната е таа која го донесе Арсенал во ова полуфинале, во четвртфиналето и осминафиналето прими само еден гол. Атлетико е целосна спротивност, играше многу ефикасни дуели од плејофот за осминафиналето и осминафиналето со 5+ голови, но во четвртфиналето против Барса поминаа благодарение на одбраната. Топчиите ги растурија Јорганџиите со 4-0 есеноска во Лондон во лигашкиот дел, со четири гола за 13 минути во второто полувреме.

Предлог тип: Х било кога (1.73)

 

1536 Спортинг – Тондела (21.15 часот)

По двата кикса во претходните две кола, Спортинг веќе е отпишан од борба за титулата во португалската лига, но може да биде втор, што носи квалификации за ЛШ и е подобра опција од Лигата на Европа. Спортинг дома има гол-разлика 41-8, а на Тондела ѝ гори под нозе, претпоследна е и пораз многу веројатно ќе значи преселба во втора лига. Есеноска беше 3-0 за лисабонските Лавови. Тондела од 2019 нема дадено гол на гости кај Спортинг.

Предлог тип: 1 & 2-3 (2.90)

- Оглас -

Најнови вести