Во Мадрид се очекуваат 70.000 англиски фанови

Властите во Шпанија очекуваат пристигнување на околу 70.000 англиски навивачи за финалето во Лигата на шампиони, во Мадрид. Англиските екипи Ливерпул и Тотенхем ќе се борат за трофејот, а уште сега е најавено дека за викендот кој следи, ќе има „напад“ од англиски навивачи на Мадрид.

Се очекува, најголемиот дел од навивачите кои ќе пристигнат во Мадрид, воопшто да немаат билет за мечот, но да бидат во градот каде ќе се игра финалето и ќе се создаде одлична атмосфера. УЕФА обезбеди по 16.000 билети за навивачите на двата клуба. Останатите влезници за стадионот кој собира 68.000 гледачи, ќе бидат распределени на спонзорите и останатите неутрални навивачи.

 

- Оглас -

Најнови вести