Во Малави за најдобриот играч на натпреварот, наградата е жива кокошка!

Изминатиот викенд се одигра дерби во Малави, а најдобриот поединец на средбата во оваа држава во источна Африка, напаѓачот Хасан Кајоке, како награда доби, верувале или не, жива кокошка.

Нијаса биг булитс го растури Каронга јунајтед со 5-0, а Кајоке, кој даде голем придонес во триумфот, од организаторот доби признание кое остави многумина без текст. Фудбалерот не доби медал ниту пари, туку жива кокошка во боите на неговиот клуб.

Во Африка не е првпат да доделуваат вакви бизарни награди кои се незамисливи за европски прилики. Лани, играч на мечот во Јужна Африка доби 5 гигабајти бесплатен интернет за мобилниот.

Во Зимбабве мини-гајба со пива, а во Гана победниците добија нови сандали. Во Боцвана еднаш се доделуваа кеси полни со разни производи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести