Во Мекларен не му го знаат името на возачот кој го вози нивниот болид (Видео)

Петата трка од Ф1 календарот се вози вокендов во Каталуња, за големата награда на Шпанија. Во досегашните четири трки, возачите на Мерцедес покажаа доминација, па по две победи имаат Луис Хамилтон и Валтери Ботас. Денеска во 15 часот ќе стартуваат квалификациите за пол позиција на патеката во Каталуња, а повторно главни фаворити за првите две позиции се овие двајца возачи.

За пол позиција на Хамилтон, коефициентот во Sport Life е 2,40, додека коефициентот за Ботас е 2,45. Потоа следуваат возачите на Ферари Леклерк (4,50) и Фетел (5,50). Во пресрет на квалификациите, на еден од тренинзите се случи еден смешен момент.

Единствениот шпански возач кој ќе биде денес и утре на патеката е Карлос Сајнц од Мекларен. Додека Сајнц беше на патеката, од таборот на Мекларен решија да му соопштат нешто, но кога се вклучи тимското радио, луѓето од боксот му го погрешија името. Наместо Карлос, се слушна како Сајнц го нарекуваат Дарен.

Возачот веднаш се снајде и на шега одговори дека Дарен ги слуша. „Еј Том, тука е Дарен“, возврати Сајнц, кој има неверојатен коефициент од 700, за денеска да ја освои пол позицијата на трката во Шпанија, додека шансите да биде меѓу Топ 3 му се со коефициент 100.

https://twitter.com/i/status/1126869502694764544

 

- Оглас -

Најнови вести